- Държава:
- Регион:
- Област:
- Община:
- Селище:
- в околностите на
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој закон се уредува:
- безбедноста и заштитата на патиштата, основните начела и меѓусебните односи на учесниците и другите субјекти во сообраќајот на патиштата;
- правилата на сообраќајот на патиштата; системот на сообраќајните знаци, опремата и сигнализацијата на патиштата;
- должностите во случај на сообраќајна незгода;
- условите за стекнување право на управување со моторно возило;
- оспособување на кандидатите за возачи;
- полагање возачки испит;
- уредите и опремата што задолжително треба да ги имаат возилата;
- димензиите, вкупната маса;
- осното оптоварување на возилата и условите кои задолжително треба да ги исполнуваат возилата во сообраќајот;
- посебните мерки на безбедност;
- организацијата и задачите на советите за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и прекршочните санкции и прекршочната постапка што се води по прекршоците во областа на сообраќајот на патиштата.
Прочит и сваляне на целия текст
- Съдържание на нормативна база в Република Македония